Барселона ја разби Селта, Меси повторно блескаше


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Барселона на Ноу Камп ја декласира Селта со 5:0 во мечот од 26 коло од Ла Лига.

Барселона ја продолжи низата на победи и сега е повторно лидер со 60 бодови, со тоа што има натпревар повеќе од Реал Мадрид, кој има 59 бодови.

Се очекуваше гостите од Виго да пружат достоен отпор на Барса вечерва, но тимот на Луис Енрике си поигра со гостите и практично во секој напад можеше да се постигне погодок.

Во 24 минута Лионел Меси ги доведе домаќините во водство од 1:0, а во 40 минута Нејмар зголеми на 2:0 после магичната асистенција на Меси.

Во 57 минута Ракитиќ постигна погодок, а набрзо Умтити зголеми на 4:0 на втората асистенција на Меси.

Аргентинецот блескавата партија ја заокружи со уште еден погодок во 64 минута.

На Барселона сега следи дуел со ПСЖ во осмина финалето на ЛШ и ќе проба да надокнади дури четири гола од првиот натпревар (0:4).