Белгиецот го потврди трансферот во италијанскиот гигант


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Белгиецот призна дека се договорил за трансфер со бјанконерите.

    Минатото лето не се случи, но сигурно ќе се случи. Аксел Витсел ќе го облече дресот на Јувентус. Она што се најавуваше неколку месеци сигурно ќе се случи во иднина бидејќи тоа лично го потврди белгискиот фудбалер.

    Витсел влезе во последната година од договорот со Зенит, не сака да го продолжи и прашање е на време кога ќе ги засили бјанконерите.

    „Секогаш е убаво кога ве бара клуб како Јувентус. Моментално не се оптеретувам со тоа дали во јануари или во јуни ќе бидам нов фудбалер на Јувентус. Но, сигурно ќе бидам нивни фудбалер. Само не знам кога“, изјави Витсел.

    Ако русите останат тврдоглави и да не го пуштат Витсел во јануари во јануари, тогаш се разбира дека тоа ќе мораат да го направат следното лето.