Бенфика бара од “Граѓаните“ 45 милиони за лев бек!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Гвардиола го сака во својот тим момчето кој е изданок на Ла Масија, а сопствениците на Манчестер Сити ќе мораат длабоко да ја завлечат раката во џеб за да му ја исполат таа желба.

    Португалскиот О Јого пишува дека Мачестер Сити тргна по Алекс Грималдо и дека од Ла Луж испратија порака до Итихад.

    Орлите се спремни да го продадат талентираниот Шпанец за 45 милиони евра.

    Грималдо потекна во Валенсија, но веќе со 13 години го продолжи својот фудбалски развој во Барселона.

    Во сениорска конкуренција настапуваше за Барселона Б три и пол сезони, а во зимата пред истекот на договорот со каталонскиот гигант премина во Бенфика за 1.5 милиони евра.

    Потпиша договор со лисабонските Орли до 2021 година, во него стои ставка за откупна клаузула која изнесува дури 60 милиони евра, но според последните сознанија управата на португалскиот шампион ќе прифати да го пушти кај Гвардиола во Сити за 15 милиони евра.

    Доаѓањето на Грималдо на Итихад  може да значи и крај за Александар Коларов во таборот на Граѓаните.