Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Реал Мадрид денеска во рамките на третото коло од Примеа беа подобри од екипата на Осасуна на својот терен со резултат 5:2 (3:0).
Иако не постигна погодок во денешниот дуел, Велшанецот Герет Бејл беше асистент кај првиот погодок на Кристијано Роналдо во шестата минута.
После натпреварот брзоногиот напаѓач се огласи и на друштвената мрежа, каде што не го криеше задоволството после новиот триумф.
„Многу важна победа. Игравме како вистински колектив. Честитам на моите соиграчи, кои ми се како фамилија“, напиша на својата Фејсбук страница, Герет Бејл.
После три одиграни кола, Реал Мадрид е на чело на табелата со максимален број на бодови.