Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Андрес Иниеста тврди дека дури ни Пеп Гвардиола неможе да го однесе од Барселона.
Моменталниот договор со каталонскиот гигант важи до 2018 година, но Иниеста се надева дека од клубот ќе му понудат нов договор со кој веднаш ќе оди во пензија.
„Сакам овде да ја завршам кариерата. Овде уживам. Искрено среќен сум овде па што ќе се случи нека се случи. Треба да зборуваме за нов договор“ – вели Иниеста.
Беше прашан дали ќе му се придружи на Гвардиола во Сити.
„Мислам дека Пеп добро знае што сакам јас. Да ја завршам кариерата во Барселона. Би му кренал доколку ми се јави на телефон, тој е мој многу добар пријател, доста научив од него. Но за мене број еден во светот на фудбалот е Луис Енрике“ – вели Иниеста.