Богдан падна на колена пред Лина Ѓорческа – Пресврт и 1/4 финале за тетовчанката


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Македонската најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа славеше во 1/8 финале на ИТФ турнирот во Египет со 1:2 во сетови против третата носителка на овој турнир, Ана Богдан.

    Тетовчанката лошо го започна натпреварот и загуби првиот сет со 6:3. Во вториот сет Ѓорческа одигра нешто подобро и го доби со 5:7. На стартот на одлучувачкиот сет Лина направи брејк и до крајот не дозволи романката да направи брејк, 3:6.

    Следната противничка на Лина Ѓорческа ќе биде Сара Сорибес Тормо која е од Шпанија и петта носителка на овој турнир. Овие две ќе се сретнат во 1/4 финале.