Бомба од Италија – Де Лаурентис заинтересиран за македонскиот голгетер


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Репрезентативецот на Македонија и фудбалер на Палермо, Илија Несторовски би можел во јануари да го промени клубот и да се пресели во Наполи.

    Ова е потврдено од првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис кој официјално контактирал со претседателот на Палермо, Маурисијо Зампарини за трансфер на Несторовски во Наполи.

    „Де Лаурентис на телефон разговараше со Зампарини за трансфер на Несторовски. Претседателот на Наполи му потврди на Зампарини дека во следниот преоден рок го посакува напаѓачот во Неапол. Останува да се договорат“, изјави Џанлука Ди Марцио.

    Според проценките во италијанската јавност, во овој момент цената на Илија Несторовски е околу 10 милиони евра.