БОМБА! Руни заминува од ПЛ, но останува во Европа!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Планот е сосема реален, изгледа дека не го рече последниот збор на големата сцена!

    Веќе се знае, ако сака да игра стандардно, Вејн Руни мора да го напушти Манчестер Јунајтед.

    Според информациите од англиските медиуми, Мурињо тоа го рече и на неговиот менаџер, клубот нема да му стои на патот.

    Има понуда за огромни пари од Кина, но тој гледа кон МЛС. Сепак, се појави за Руни уште подобра варијанта.

    Го сака Интер од Милано, чии кинески сопственици ќе го направат тоа што и со Жоао Марио пред неколку месеци.

    Клубот Џангсу ќе го купи Руни, а тогаш ќе го проследи на Интер на позајмица. Планот е јасен, искусниот Англичанец може уште неколку години да игра на врвно ниво, да биде заштитно лице на Интер каде што се планира големо вложување, а тогаш да се пресели во Кина.

    Во Интер траат разговори за тоа дали да пробаат трансферот да се оствари веќе на зима. Да потсетиме, се зборуваше за понуда од Шангај која е тешка околу 100 милиони евра за три сезони, „Сунинг“ без проблеми може да парира, на нив е важно Руни еднаш да стигне во Кина, оваа позајмица во Интер му нуди шанса и понатака да игра во сериозна лига, за голем клуб.

    Според тврдењата на медиумите на Апенините, Руни е многу заинтересиран, јасно е дека не може да игра за некој друг клуб во ПЛ, од Шпанија нема заинтересиран, никој не може толку да плати, а Серија А делува примамлива.