„Бомбата“ на Милан во јануари е играч на Леверкузен!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Милан ќе даде се од себе да го доведе фудбалерот на Леверкузен во јануарскиот преоден рок.

    Екипата на Милан има сериозни намери во јануарскиот преоден рок, ќе има пари за трошење, а имаат и мети кога се работи за потенцијалните засилувања.

    Првата и најголема може да биде фудбалер на Леверкузен, Карим Белараби.

    Овој фудбалер моментално е повреден, нема да игра до крајот на годината за Леверкузен, а има договор со тимот се до 2021 година што може да биде проблем за Милан.

    Сепак, Милан е спремен да понуди добра сума на пари за него, се споменува дури и сума преку 25 милиони евра, а Росонерите може да понудат и 10 милиони повеќе.

    Беларари (26) е во најдобри години, а досега одигра 11 мечеви за репрезентацијата на Германија.

    Претходното лето имаше заинтересирани за него од Премиер лигата.