„Бонучи ни се јави, сакаше да дојде“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Челниците на Јувентус во летниот преоден рок не сакаа да прифатат на продажба на Леонардо Бонучи.

    за италијанскиот дефанзивец интерес покажа Манчестер Сити кој беше спремен да понуди и 60 милиони евра, а иако на крајот остана во Торино, извршниот директор на тимот од Итихад откри дека Бонучи беше спремен на трансфер.

    „Во овој момент многу играчи сакаа да играат под водство на Гвардиола. За него сакаа да играше и дефанзивецот Бонучи кој ни се јави. Ние после тоа го повикавме спортскиот директор на Јувентус, но ни рече дека играчот не е на продажба. Тука е завршена приказната“, рече Феран Сориано за RAC1.

    И самиот Бонучи призна дека многу размислувал за можноста кариерата да ја продолжи во Англија.