Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По добрите настапи во минатата сезона Осман Дембеле го привлече вниманието на себе и се наметна како еден од најбараните играчи во Европа. Ова лето Барселона проба да го доведе во своите редови како замена за Нејмар.
Борусија Дортмунд ја одредија цената за нивниот “вондеркид” и таа изнесува 150 милиони евра и “ниту евро помалку” – како што би кажал нивниот спортски директор, Ханс-Јоаким Вацке.
Тимот на Дортмунд ги одбива сите понуди од неколку причини. Најпрво, Дембеле беше потпишан минатото лето за само 15 милиони евра и има уште 4 години на договорот. Уште една од причините е што раководството на Борусија смета дека не може да најде соодветна замена која ќе биде истовремено доволно квалитетен играч но и доволно млад за да може да се гради околу него во иднина.
Осман Дембеле во Борусија Дортмунд дојде во 2016 година од тимот на Рен, за чиј сениорски состав одигра само 26 натпревари.