Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Трагедијата со авионот на Чапекоенсе го потресе целиот свет, а денеска од Бразил ни доаѓа и една убава новост.
Големите клубови од Бразил се спремни да направат се за бразилскиот клуб да не згасне и да продолжи да функционира.
Коринтијас, Палмеирас, Сао Паоло и Сантош побараа од фудбалскиот сојуз на Бразил да го изостават Чапекоенсе во следните 3 години од елиминација од лигата без разлика на резултатите.
Исто така и клубовите ќе се согласат секој да испрати по 3 играчи на позајмица во Чапекоенсе.
А Чапекоенсе следната сезона ќе настапува во Копа Либертадорес како и купот на Јужна Америка.