Брозовиќ го среди Исланд, Косово за четири минути се предаде против Турција, сензационална победа за Ирска

    Четири натпревари се одиграа од четврото коло од групната фаза за пласман на СП во 2018-та година кое се одржи во Русија.

    Австрија на домашен терен беше поразена од репрезентацијата на Ирска со 0:1. МекКлин на стартот на второто полувреме му донесе победа на репрезентацијата на Ирска.

    Молдавија го освои првиот бод во групата на гости против Грузија, 1:1.

    Марсело Брозовиќ со по еден погодок во двете полувремиња го уништи Исланд. Хрватска славеше со 2:0.

    Четири минути беа доволни за победа на репрезентацијата на Турција против Косово, 2:0. Јилмаз и Сен беа стрелци во победата на репрезентацијата на Турција.