Бундеслигашот ќе го спасува Депај од Мурињо


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Мемфис Депај е една од главните теми на Островот. Одличниот Холанѓанец пристигна на „Олд Трафорд“ како големо засилување, но се повеќе време поминува на клупата и на трибините.

    Поранешниот играч на ПСВ не е оние кои им е важна само платата, па сака стандардно да игра.

    Угледниот германски весник, „Bild“ тврди дека во јануари овој играч ќе се пресели во редовите на Волфсбург.

    За овој трансфер се шпекулираше и порано, а сега најверојатно ја добил и потврдата.

    Бундеслигашот е подготвен да ризикува со Депај и да го ангажира во јануарскиот трансфер период, а од управата на Волфсбург се сигурни дека 22-годишниот Холанѓанец ќе биде идеално засилување.