Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри посебно ја пофали партијата на Џанлуиџи Буфон.
Јувентус синоќа го победи Монако на гостувањата со 2:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Стрелец на двата гола беше Гонзало Игуаин, и тоа два пати на асистенција на Дани Алвеш.
Да потсетиме, Алегри после натпреварот беше лут на Пјаниќ.
„Играчите имаат одлична сезона. А таа да биде врвна потребно е да останат мирни и фокусирани. Морам да им честитам на тоа што досега го направија.
Не беше лесно. Повторно, вечерва правеа доста грешки, меѓутоа, Буфон беше одличен и одбрани зицер при резултат 0:0.
Во важен натпревар како што е овој, Буфон секогаш е најдобар на светот“, рече Алегри.
Италијанскиот стручнак имаше замерка и на двојниот стрелец Дани Алвеш.
„Добро почнавме, но нашиот квалитет играчите на Монако ги ставаше во незгодна позиција. Во првото полувреме не се држевме на своето место. Се подобривме во продолжението.
Единствен исклучок во тој прв дел од играта е деталот кога Алвеш остана напред во желбата да направи нешто, па Барзаљи остана сам против двајца во одбраната. Повторно, дадовме гол од контранапад, што е голема сила на Монако“, рече Алегри.
„Работата не е завршена. Монако ќе дојде во Торино и ќе биде во ситуација да нема што да загуби. Сепак, ова за нас може да бииде неверојатна сезона ако бидеме концетрирани“, заклучи Алегри.