Буфон се придружува во клубот 600, пред него само три имиња

    Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон утре ќе одбележи голем јубилеј во Серија А.

    Јувентус утре го игра натпреварот во 12. коло во Серија А против Киево на гости, а Буфон на тој натпревар ќе го запише јубилејниот 600. настап во ова натпреварување.

    Буфон досегашнтие 599. настапи ги запиша како фудбалер на Парма и Јувентус, а пред него се само три имиња.

    Тука се Франческо Тоти со 607 натпревари, и пензионираните Занети и Малдини со 615, односно 647 натпревари.