Вардар како брз воз помина во Словачка – Нема кој да ги победи во СЕХА


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Вардар славеа во натпревар од СЕХА во Словачка против Татран Прешов со 29:35.

    Македа и Карачиќ на стартот му донесоа водство на Вардарци од 0:2. Татран преку Вучко и Рабек израмни. Се играше гол за гол се до 17-та минута кога Рабек и Чип погодија за прво водство на својот тим од два погодоци, 8:6. Вардарци на тоа водство одговорија со три погодоци во серија, Деревен, Карачиќ и Македа погодија за 8:9. Деревен и Чупиќ го вратија водството на Вардар од два погодоци во 24-та минута, 10:12. На две минути до крајот на натпревар Вардар го имаше првото водство од три погодоци, 12:15. Македонскиот шампион на полувреме замина со предност од два погодоци, 15:17. Македа, Канељас и Дибиров го отворија со три погодоци во серија второто полувреме и водство на Вардар од 15:20. Во 36-та минута Вардар го имаше најголемото водство на натпреварот, 7 погодоци, 17:24. Подмладениот Вардар остана и по овој натпревар не поразен во СЕХА. Девета победа за Вардар оваа сезона во СЕХА, 29:35.

    Тимур Дибиров со 8 погодоци беше најефикасен. Македа го заврши натпреварот со 7 погодоци. Дебитантите Мартин Поповски постигна еден погодок, Иван Димитровски не се запиша во листата на стрелци, Ристо Вујачиќ постигна еден погодок, а Даниел Ѓорѓески запиша 3 интервенции. Алексеј Пешков и Томас Чип беа најефикасни кај домашните со 6 погодоци.