Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометарките на Вардар го победија Будуќност на гости во натпревар од ЛШ од групата 1 со 28:31.
Се играше гол за гол се до резултат 3:3. Вардарки со серија од два погодоци стигнаа до првото поголемо водство на натпреварот, 3:5.
Следуваше серија од три погодоци на ракометарките на Вардар за водство, 4:8. Потоа Вардарки постигнаа нови два погодоци во низа за водство од пет погодоци, 5:10.
Домашните ракометарки направија серија од четири погодоци за намалување на негативата на само еден погодок, 9:10. Пред крајот на првото полувреме ракометарките на Будуќност постигнаа три погодоци во низа за израмнување, 16:16.
Лош старт на Вардарки во второто полувреме и негатива од три погодоци, 20:17. Ракометарките на Вардар се разиграа после негативата и вратија со иста мерка, 20:20.
Будуќност направи нова серија од три погодоци за 23:20. Вардарки со два погодоци во низа ја намалија предноста на еден погодок, 23:22.
Ракометарките на македонскиот клуб по подолго време го презедоа водството, 26:27. Пред крајот на натпреварот Вардарки постигнаа четири погодоци во низа за 28:31 и победа на денешниот натпревар.
Андреа Пенезиќ го предводеше Вардар со 8 погодоци. Андреа Лекиќ постигна 7 погодоци. Кај Будуќност најефикасна беше Неагу со 10 погодоци.