Вардарки лесно до победа против Подравка


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вардарки денес ја запишаа втората победа во регионалната ВРХЛ лига после победата против Подравка на вториот турнир кој се одржува во Копривница со 30:19.

После првото полувреме резултатот беше израмнет, 14:14. Во второто полувреме Вардарки се разиграа и на крајот победија со убедливи 30:19. Вардарки на овој турнир отпатува без четири ракометарки.

Тамара Мавсар го предводеше ЖРК Вардар со 7 погодоци. Јованка Радичевиќ и Андреа Пенезиќ постигнаа по 5, Барбара Лазовиќ 4, Татјана Хмирова 3, Андреа Кликовац и Камила Херем по 2, а Сања Дамњановиќ и Марија Петровиќ по 1 погодок. Кај Подравка најмногу се истакна Милошевиќ со 4 погодоци.

Утре Вардарки во 16:00 играат против Будуќност во натпревар од ВРХЛ лигата.