До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Лестер во летото доведе неколку звучни засилувања кои треба да придонесат за тоа за минатогодинешниот шампион на Англија да продолжи со добрите партии и во новата сезона.
Сепак, од тоа засега нема ништо, а засилувањата на Раниери во најголем дел не го оправдаа своето доаѓање и вложените пари.
Еден од нив е и Бартож Капустка, младиот Полјак кој стигна од Краковија, кој веќе во јануари може да ја промени средината.
Како што пишуваат британските медиуми, овој 19-годишен лесно може да замине на позајмица во Чемпионшип, а за него се интересираат четири клубови.
Купустка со драга воља ќе го ангажираат Бирмингем, Дерби и Вулверхемптон, но моментално најблиску е до заминување во Нотингем Форест.
Вреди да се истакне дека Бартож Капустка сеуште не одигтра ниту една минута во Премиерлигата.















