Во Скопје падна шампионот – Вардар со 40-ка го декласира Киелце


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Вардар славеа во салата Јане Сандански во натпревар од шестото коло во ЛШ против шампионот Киелце со 40:34.

    Вардарци одлично го отворија натпреварот со серија од два погодоци на Дибиров. Гостите возвратија со четири погодоци во серија и го презедоа водството, 3:5. Ракометарите на Вардар направија голема серија од пет погодоци за водство од 10:7. Водствата на двете страни се менуваа до крајот на првото полувреме, а Бомбач со погодокот во последните две секунди го израмни резултатот, 18:18. Во второто полувреме се играше гол за гол. Потоа домашните ракометари направија три погодоци во серија и стигнаа до водство од три погодоци, 27:24. Следуваше нова серија на вардарци од три погодоци за водство од пет погодоци, 31:26. Потоа Вардарци направија нова голема серија од четири погодоци за најголемо водство на натпреварот, девет погодоци, 37:28. Вардарци славеа на крајот со 40:34.

    Арпад Штербик со 14 интервенции имаше голем придонес во победата на Вардар. Игор Карачиќ беше најефикасен во тимот на Вардар со 9 погодоци. Алекс Дујшебаев и Тимур Дибиров натпреварот го завршија со по 8 погодоци. Кај Киелце, Жулиен Агинагалде не промаши и беше најефикасен со 8 погодоци.

    После денешната победа Вардар се искачи на врвот на табелата во групата Б. Следниот натпревар на Вардарци е на гости во Германија против Рајн Некар Левен. Киелце во следниот натпревар играат против Загреб во Хрватска.