Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Напаѓачот на Франција, Ентони Мартиал го пропушти натпреварот на Манчестер Јунајтед против Ливерпул поради проблеми со повреда.
Пред натпреварот против Ливерпул сите се прашуваа каде е Мартиал, бидејќи без никакво објаснување беше изоставен од списокот за играчи кои патуваа за натпреварот против Ливерпул. Откако англиските медиуми објавија дека нема да настапи во Ливерпул, од „Олд Трафорд“ пристигна информација дека Мартиал има проблеми со повредата, па поради тоа не е во конкуренција за натпреварот.
Сепак, само два дена подоцна, напаѓачот се појави на тренингот на „црвените ѓаволи“. Јасно се виде дека нема ниту трага од „повреда“ и дека Мартиал целосно е подготвен. Се разбира, по оваа информација веднаш започна да се шпекулира дека нешто чудно се случува во Јунајтед и дека управата на клубот на секаков можен начин се обидува да го сокрие.
Јунајтед утре игра против Фенербахче во рамките на Лигата на Европа, а Мартиал ќе биде во конуренција за тој натпревар. Англиските медиуми објавија дека Мурињо најверојатно му бил нешто лут на Мартиал, па поради таа причина Мартиал не беше ниту во конкуренција за натпреварот против големиот ривал.