Војската на Симеоне се сопна во Баскија – Два пенали и победа на Реал Сосиедад


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Реал Сосиедад на Аноета славеа против Атлетико Мадрид со 2:0 во натпревар од единаесетото коло од Ла Лига.

    Во првото полувреме без посериозни шанси за погодок на двете страни. Габи со лизгачки старт во 54-та минута стартуваше и беше досуден пенал за Реал Сосиедад. Карлос Вела ја намести топката на белата точка и ги израдува домашните навивачи. На петнаесет минути до крајот на натпреварот повторно пенал за Сосиедад. Пеналот го направи Анхел Кореа, а Вилијан Хосе го зголеми водството на баскијците, 2:0. Рули фантастично пред крајот на натпреварот му одбрани на Антоан Гризман. Фудбалерите на Реал Сосиедад славеа со 2:0 за шеста победа оваа сезона, трета во низа.

    Втор пораз за Атлетико Мадрид и Диего Симеоне оваа сезона. Во следното коло јорганџиите го играат мадридското дерби на Висенте Калдерон против Реал Мадрид.