Габи останува верен на Атлетико Мадрид


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Атлетико Мадрид во следните неколку дена ќе го продолжи договорот со 33-годишниот капитен, Габи.

    Габи сегашниот договор со клубот од Мадрид му истекува на крајот од сезоната, меѓутоа неговата лојалност кон тимот кој го води Диего Симеоне никогаш не беше доведена во прашање.

    „Брзо се договоривме бидејќи ми беше лесно да постигнам договор со саканиот клуб. Се додека можам да играм на нивотото на Атлетико, ќе бидам тука“, изјави Габи за шпанските медиуми.

    Шпанските медиуми тврдат дека Габи, кој исто така ја мина и младинската школа на Атлетико, ќе го продолжи договорот најмалку до 2018. година.