Габијадини најде начин да остане во Серија А


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Италијанскиот напаѓач Маноло Габијадини веќе во јануари најверојатно ќе ги напушти редовите на Наполи.

    Габијадини во Наполи стигна од Сампдорија во минатата сезона, но не се прослави во својата нова екипа.

    После што се повреди полскиот фудбалер Милик токму Габијани требаше да биде негова замена.

    Сепак, привремениот репрезентативец на Италија не се снајде баш најдобро, и стана јасно дека Наполи ќе мора да најде друго решение.

    Пред неколку недели се шпекулираше дека Габијани може да премине во Вест Хем, а во спротивен правец да дојде Симоне Заза.

    Италијанските медиуми денеска пренесоа дека челниците на Милан го контактираа Наполи, и дека се спремни да платат околу 20 милиони евра за Габијадини.

    Росонерите имаат проблем со Карлос Бака кој истотака во јануари изгледа ќе ја промени средината.