Габриел Хесус одбра чуден број на дресот во Сити

    Бразилецот Габриел Хесус конечно ќе го облече дресот на Сити во Јануари следната година.

    Тој потпиша 5годишен договор со Сити но остана уште 4 месеци во Палмеирас со цел да го освои насловот првак на Бразил.

    И му успеа планот, Палмеирас ја освои титулата после повеќе од 20 години, а Хесус е на пат за Англија.

    Бројот кој ќе го носи е веќе одбран, тоа е 33 кој го носеше и во Бразил а има и тетоважа со тие 2 бројки.

    Објаснувањето зошто 33 е лесно, бидејќи Исус кога починал имал толку години а тој е доста побожен а и во своето име има Хесус.