До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Мора да се знае кој е главен, но дали работите одат толку далеку?
Соевремено се зборуваше дека Меси е главна пречка за повикување на Карлитос Тевез. Така многумина веруваат дека е факт што одличниот напаѓач не беше член на Гаучосите на СП во Бразил, иако заслужи повик, ја чинеше Аргентина титула.
Се појавува приказна за нетрпеливост, за тоа дека Тевез го доведува во прашање лидерството на Меси, но тоа двајцата го демантираа.
После Мундијалот Тевез е повикан, но е чудно дека не доби шанса во моментот кога беше во полна форма од Игуаин и поготово Лавеци.
Се зборуваше дека Ибра и Давид Виља, како и Ето, мораа да ја напуштат Барселона бидејќи Меси сака да биде најблизок до голот и едноставно да биде централен напаѓач, но тие приказни сега паѓаат во вода, кога Луис Суарез е најистурен.
Меѓутоа, со Мауро Икарди ситуацијата е подруга. Тој, како и Меси, ја помина „ Ла Масија“, но никогаш не заигра за првиот тим на Барса, замина во Сампдорија.
Капитенот на Интер игра одлично на почетокот на новата сезона, практично сам го држи тимот со своите голови, а повикот во репрезентацијата не е ни на повидок, дури и кога Меси е надвор од тимот.
Конкуренцијата е страшна, но Дибала не е класичен напаѓач, Игуаин е, многумина сметаат дека имаше место за Икарди.
Меѓутоа, се зборува дека проблем е Меси. Тој, имено, е голем пријател со Макси Лопез од деновите кога ја освоија титулата шампион на Европа во Барселона. Аргентинскиот напаѓач секогаш го штитеше младиот Меси, беа насочени еден на друг и останаа во контакт.
После се што се случи во љубовниот триаголник и после „пресудата“ на Диего Марадона, за Икарди Меси е пречка за повик во репрезентацијата, тврдат „ доверливи“ извори.
Јасно е дека Меси има доволно моќ да спречи Икарди да заигра за националниот тим, но сепак таквите работи треба да се земат во резерва.















