Гвардиола – Далеку сме од фаворити за ЛШ


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека неговиот тим не е фаворит за освојување на ЛШ.

    Сити и понатаму е далеку од најголемите европски клубови и Гвардиола знае како стојат работите.

    Пред натпреварот против Борусија Менхенгладбах, Пеп кажа дека неговиот тим уште мора да работи за да биде фаворит за освојување на ЛШ.

    „Борусија е фантастичен тим и има фантастичен менталитет. Ќе мора утре да победиме, но ќе ни биде тешко. Среќни сме поради победата против Барса, но тоа е еден натпревар. Не можеме да се сметаме за фаворити за освојување на ЛШ. Барса и Реал се секоја година, но ние ќе се трудиме да бидеме“, изјави Гвардиола.