„Гвардиола ме посакуваше, но одлучив да останам во Шпанија“


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Францускиот репрезентативец, Емерик Лапорт откри дека имал можност да се пресели во Манчестер Сити.

    Лапорт (22) со своите настапи во Атлетик Билбао стана еден од најдобрите дефанзивци во светот, а прилика да направи чекор напред во кариерата имал веќе ова лето, кога добил контак од Пеп Гвардиола.

    „Пеп ме повика неколку пати, долго разговаравме на телефон. Тој навистина е одличен менаџер и мило ми е што ме сака, но јас сум среќен во Атлетик. Ако сакав да си заминам, можев да си одам. Сепак, пресудија моите лични причини и сакав да покажам дека сум благодарен на клубот кој ме лансираше во светот на фудбалот“, изјави Лапорт.

    Постојат шпекуалции дека Манчестер Сити бил подготвен да одвои 50 милиони евра за споменатиот играч, но во овој случај, парите не биле на првото место.