Гвардиола може да биде горд: Стерлинг целосно го оживеа, ни пет играчи не му можат ништо


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Рахим Стерлинг блескаше во Ливерпул и доведен беше во минатото лето на Итихат за дури 62.5 милиони евра.

    Сепак, многумина сметаа дека тоа се залудно потрошени пари, но Пеп Гвардиола мислеше подруго. И очигледно беше во право.

    Поранешниот стратег на Барселона и Баерн по доаѓањето во Манчестер одма на Рахим му објасни дека ќе биде еден од клучните играчи, а очигледно дека тоа го воодушеви младиот Англичанец.

    Сити оствари осум победи од доаѓањето на Пеп во истотолку мечеви, а Стерлинг е еден од клучните играчи.

    Во вчерашниот триумф од 4:0 над Бурнмут запиша по гол и асистенција, а за вас ви го издвоивме моментот кога елегантно заобиколи пет противнички играчи. Никој ништо не му можеше ништо, а на крајот рамката на голот спречи гол. Уживајте…