Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Сити минатиот викенд го доживеаа својот прв пораз под водство на Пеп Гвардиола.
„Граѓаните“ на „Вајт Харт Лејн“ беа поразени од Тотенхем со 2:0, а за нив е уште поголем проблемот што тој пораз беше сосема заслужен.
Играта на фудбалерите на Манчестер Сити не му се допадна на Гвардиола, кој ги казни своите фудбалери.
Гвардиола на своите фудбалери им забрани користење на интернер и им нареди да работат во потполна изолација, откри Пабло Забалета.
„Ни забрани користење на интернет. Дури ни нареди и да го изгасиме 3G на нашите телефони, како и заедно да доручкуваме и ручаме во клубот. Имам работено со многу менаџери, но Гвардиола е посебен“, изјави Аргентинецот.
Манчестер Сити ќе има можност за поправка во 8. коло кога на „Етихад“ ќе гостува Евертон.