Гвардиола: Туре ќе заигра дури кога ќе го направи ова!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Пеп Гвардиола има старт од соништата на клупата на Манчестер Сити. Осум официјални мечеви и максимален учинок. Податок за секој респект.

    Шпанецот воведе доста иновации во играта на Граѓаните, и врати во живот некои отпишани играчи.

    Сепак, го пречкрта Јаја Туре, моторот на оваа екипа од претходните две сезони.

    Тоа многумина ги изненади, а поранешниот стратег на Барселона и Баерн тврди дека Туре нема да заигра за Сити се додека не се извини на клубот и соиграчите поради изјавите на неговиот агент.

    33-годишниот играч за врска настапи само еднаш во оваа сезона, а Гвардиола не го внесе ни во тимот за Лигата на шампионите.

    Агентот на овој фудбалер, Димитри Селук, рече дека играчот за врска е “понижен“ од одлуката на тренерот, и дека ако Граѓаните не ја освојат Лигата на шампионите, тогаш стратегот мора да „покаже дека има таа работа“, и да се извини фудбалерот.

    „Не јас, веќе тој треба да се извини, и тоа на соиграчите. Мора да се извини и на клубот. Ако тоа не го направи, нема да игра“, рече Гвардиола, пренесува ББС.

    Сигурно ниту малку охрабувачка ситуацијата, но се додека на Сити му оди добро Пеп е го голема предност…

    https://www.youtube.com/watch?v=7DWEJDpp0H8