До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона го тужеше претседателот на лигата поради неговиот коментар, од Валенсија стигна одговор во вид на слика.
Навивачот кој фрли шише и го погоди Нејмар се извини, Валенсија е казнета парично, а најмногу бура предизвика претседателот на лигата Тебас кој зборуваше за улогата на Барселона, односот на нивните играчи во целиот случај.
„Провоцираа од трибините, од едно шише паднаа како кугла на куглање. Мене ќе ми биде срамота да одам дома кај своите деца и така да се однесувам и да фолирам“, рече Тебас кого го обвинуваат дека е страствен навивач на Барселона.
Меѓутоа, Барса ќе оди и чекор понатака, ќе бара смена на Тебас, а го пријавија поради изјавата на врховниот спортски суд.
Клубот се жалеше и на благата казна, дури велат дека се спремни да одат на врховен степен бидејќи се наградува насилство од трибините.
Во Валенсија се лути на судијата, но и на однесувањето на играчите на Барселона, а еден весник кој е близок на клубот едноставно излезе со слика која сите добро ја знаеме.
Во прашање е свинска глава со која навивачите го гаѓаа Луис Фиго на првото “Ел Класико“ кое го играше во дресот на Реал на „Ноу Камп“.
Поентата е јасна, Барса е последна која треба да дели лекции.
Целата приказна излезе од рамките на спортот, ќе видиме што ќе биди кога ќе се вмешаат судовите, за Барса сепак најважно е дека славеа во последната минута од пенал на тешкото гостување на Местања.
Останатото веќе се заборава…















