Гест за респект на Едисон Кавани


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Натпреварот помеѓу ПСЖ и Анжерс заврши со 2:0, а ќе остане запаметено поради стотиот погодок на Едисон Кавани за парижаните.

    Кавани продолжи со фантастичната игра во дресот на ПСЖ, а начинот на кој го прослави погодокот ги воодушеви присутните гледачи на Паркот на Принцовите.

    Уругвајскиот напаѓач го прослави погодокот така што го соблече дресот под кој на бела маичка пишуваше ACE Fuerza што значеше посвета кон бразилскиот клуб кој ги загуби скоро сите фудбалери во авионската несреќа.

    Сепак, за својот потег Кавани доби жолт картон бидејќи го соблече дресот.

    „Беше емотивно, но го разбирам судијата. Немаме право да испраќаме пораки, да го соблекуваме дресот. На крајот најважна е пораката, жолтиот картон не е проблем“, изјави Кавани.