Главоболки за Зидан: Се сели ли откритието на сезоната на клупа?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    После рутинската победа во купот, Зинедин Зидан искажа најмногу задоволство од една работа: се врати Касемиро.

    Еден човек помалку во клупската амбуланта, таман пред Ел Класико.

    Касемиро играше во сите 90 минути и сериозно најави дека се врати во конкуренција. До повредата беше главен дефанзивен играч за врска на Реал, играше со Модриќ и Крос. И примаше посебни пофалби бидејќи Лука со него беше повеќе офанзивен.

    Во меѓувреме и Ковачиќ и Иско ја искористија повредата на соиграчот. Крос и понатака го нема, дали Касемиро ќе се врати? И кој на клупата: Ковачиќ или Иско?