Го избркаа од Јунајтед, а сега никој не го сака


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Поранешниот фудбалер и помошен менаџер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс е во (очајна) потрага за првиот независен ангажман.

    По напуштањето на „Олд Трафорд“, Гигс се поврзуваше со неколку клубови, а последен со кој беше во контакт е Свонси.

    Овој клуб во понеделник го отпушти Франческо Гвидолин, а и покрај тоа што претседателот на клубот, Хју Џенкинс минатата седмица разговарал со Рајан Гигс, за нов менаџер на споменатиот клуб е поставен Боб Бредли.

    Велшанецот беше еден од кандидатите за превземањето на клупата на Свонси, но на крајот скапо го чинеше недостатокот на искуство, што се наведува како најголема причина зошто Гигс не го превзеде Свонси.