Го одби Ливерпул и порача: Сакам овде да станам легенда


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Младиот фудбалер на Атлетик Билбао Инаки Вилијамс ги отфрли шпекулациите дека на лето ќе премине во Ливерпул.

    Како што рече, моментално заминувањето од Билбао не го интересира бидејќи се чувствува одлично во клубот кој го сака.

    „Многу сум среќен во Атлетик. Ова е место каде што сакам да бидам и се гледам во Билбао и во иднина. Сон ми е еден ден да бидам прва „деветка“ на Атлетик и да станам легенда на клубот“, порача одличниот Вилијамс.

    Инаки Вилијамс (22), моментално е во Билбао и од мал е врзан за Атлетик. Неговиот татко е од Гана, а мајката од Либерија, но се одлучи да игра за Шпанија за која репрезентација дебитираше во оваа година.