Гоал откри – Еве зошто Роналдо е повлијателен од Меси


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Некои луѓе порано оваа година го отпишаа Кристијано Роналдо. Го нарекуваа Пеналдо и констатираа дека неговата кариера е при крај.

    Не беа во право. Натпревар по натпревар, португалецот не престанува да ги развеселува навивачите на Реал Мадрид. Со 12 погодоци оваа сезона ја однесе на врвот на Примера и во нокаут фазата во ЛШ. Никој во Шпанија не погодува почесто од португалецот.

    Пред големото Ел Класико, Барселона треба да се грижи дека Роналдо во последните два натпревари постигна дури пет погодоци.

    Некои го тужат дека поголем дел од погодоците ги постигнува кои не се толку важни, но тие податоци тоа не го кажуваат. Откако Зинедин Зидан е тренер, Роналдо со своите погодоци директно му осигура на Реал повеќе бодови во однос на Лионел Меси кој му осигура бодови на Барселона.

    Секој погодок кој го постигнал Роналдо за Реал на кралскиот клуб му осигура 0.57 бодови. Бидејќи на 39 натпревари постигна 38 погодоци, тоа значи дека освои 22 бода за својот тим. Тука беа и многу клучни погодоци.

    Во исто време секој погодок кој го постигнал Меси на Барса му донесува 0.38 бода. Вкупно на својот тим му осигура 18 бода околу 30% помалку од Роналдо.

    Меѓутоа, гоал.ком ја анализираше и голгетерската статистика на Роналдо и Меси во сите натпреварувања.  Во 2016-та година Роналдо постигна еден погодок повеќе во Ла Лига, 10, но Меси постигна седум повеќе во ЛШ, 9.

    Двата имаат 33 удари на голот во оваа сезона, но Реал успеа да добие четири натпревари без Роналдо, а Барса во само две од четири без Меси. Така да не можеме да кажиме дека Меси не е важен за Барселона колку и Роналдо за Реал.