ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Иако се чинеше дека од трансферот на Дарио Срна во Барселона нема да биде ништо, шпанскиот АС повторно ја врати приказната. Имено, Шпанците тврдат дека Срна сега е поблиску од било кога до Каталонија, а најзаслужен за тоа е директорот на клубот, Роберт Фернандез.
Фернандез веќе со недели бара десен бек кој привремено, до лето, ќе го реши проблемот на Барса на таа позиција. А како клуб во овој момент не е подготвен да прави големи трошоци, па логичен избор е Срна.
Во Барса сметаат дека Срна ќе им го донесе потребното искуство на критичната позиција, а од Шахтјор ќе го побараат бесплатно. Секако, поради големиот углед на Срна во украинскиот клуб, голема е шансата тоа и да се оствари. Наводно, целиот трансфер би требало да биде завршен во текот на следниве неколку недели.
Опциите беа Квадрадо и Лихштајнер, но по повредата на Дани Алвес, Јувентус нема да им дозволи да си заминат. А првите желби, Соарез и Кансело не можат да пристигнат пред лето, па Срна е опција број 1 за пополнување на позицијата до лето. Со сите потребни карактеристики кои Барса ги бара: искусен, технички многу силен, мотивиран, а и евтин.