До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Арсен Венгер, како и сите навивачи на Арсенал, загубија многу нерви во текот на дуелот со Лудогорец.
После 15 минути тимот од Бугарија водеше со 2:0, а во 87 минута на семафорот пишуваше 2:2.
Но тогша Месут Озил постигна гол за победа на екипата на Венгер.
„Тоа е вистинска сила на големите играчи, тие донесуваат вистински одлуки кога е најтешко. Кога Месут ја шутна топката мислев дека не е најдобро решение, но покажа дека е“, рече Венгер после мечот.
„Мислев дека нас ни треба повеќе време да постигнеме гол, но на крајот, кога играчите сепак пронајдуваат начин да ја погодат мрежата мораш да им кажеш браво“, заклучи Венгер.
Голот на Озил обезбеди на Арсенал после четири кола место во наредната фаза од натпреварувањето.















