Голман преживеа, но неговиот живот е упропастен


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Во авинот кој се сруши во Колумбија се наоѓаа фудбалери на Чапекоенсе кои одеа на финалниот меч од Копа Судамерикана.

    Трагедијата се случи на пет минути пред слетувањето, а после истрагата колумбиската полиција установи дека се само пет преживеани.

    Меѓу нив е и голманот на оваа бразилска екипа Џексон Фолман.

    Тој одма е префрлен во болница и сеуште се наоѓа во критична ситуација.

    Бразилските медиуми објавија денеска дека лекарите мораа да ја ампутираат едната нога на Фолман, и дека никогаш нема да се врати на голот.

    „Знаете дека се мали шансите да се преживее авионска несреќа и треба да се заблагодариме на Бога на чудото што нашиот син и понатака е жив. Вистина е дека ја ампутираа ногата, но сеуште не ја знаеме состојбата. Ова е агонија поради што имам чувство дека нема да помине“, рече неговиот татко Пол.