Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалскиот свет вечерва беше здрман со вест од Дортмунд каде што се случија неколку експлозии пред автобусот на Борусија.
Натпреварот од четвртфиналето меѓу Дортмунд и Монако е одложен поради експлозија каде што повреда на раката се здоби Марк Бартра.
Сеуште не е познато кој е одговорен за нападот, и дали е во прашање тероризам.
После сите случувања се огласи и голманот на германската екипа Роман Бурки кој седеше токму покрај Бартра во автобусот на оваа екипа.
Швајцарскиот голман рече дека се слушнала силна експлозија, и дека сите пробале да легнат на под.
„Го напуштивме хотелот во 19:15 часот и тргнавме кон стадионот. Кога автобусот тргна на главниот пат тогаш слушнавме силна експлозија. Јас седев со Бартра кој се здоби со повреда на раката кога пукна стаклото на автобусот“, рече Бурки, и додаде:
„После експлозијата сите пробавме да легнеме на под, а тие кои не успееја едноставно се скријаа позади седиштата. Не знаевме дали ќе се случат уште експлозии.
Полицијата брзо дојде и не одведе на сигурно. Сите сме во голем шок и никој не мисли на натпреварот после се ова“.
Да потсетиме, натпреварот Борусија Дортмунд и Монако ќе се одигтра утре(среда) од 18:45 часот.