До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Сити по втор пат во својата кариера ќе има шанса да се сретне со својот поранешен клуб.,
Пеп Гвардиола е најтрофеен тренер во историјата на клубот, во период од 2008 до 2012 година освои неверојатни 14 трофеи, и поради тоа неговата конференција предизвика огромно внимание на Ноу Камп.
Сепак, ова е не е прв Пеп да се враќа на својот Ноу Камп, поради тоа штоа пред две сезони во полуфиналето на ЛШ испадна од Барселона како тренер на Баерн. Барса како домаќин славеше со 3:0, додека Баерн во реваншот триумфираше со резултат 3:2.
„Се подготвивме така да одиме на победа. Барса е една од најдобрите екипи на светот, но секогаш одам на победа небитно против кого играм. Вистина, ќе мораме да се одлучиме да се браниме, но истотака ќе мораме да бидеме одлични во нападот. Ќе биде малку тешко, со оглед дека ова е мојот дом, но тоа е фудбал“, почна Пеп.
Новинарите посебно ги интересираше дали е точно дека во летото пробуваше да украде играч на Барса, и дека такво нешто ќе проба во наредното лето.
„Никогаш не сум контактирал ниту еден играч на Барселона. Знам дека медиумите пишуваат разни работи и дека сакаат да создадат некоја лоша слика и да создадат непријателство меѓу мене и Барселона, но вистина е дека никогаш не сум наредил да ми доведат играч на Барса. Мојот брат е претставник на Тиаго и тој е тој кој сакаше да дојде кај мене во Баерн.
Никогаш никого нема да одбијам, баш како што не го одбив него. Истотака, пред неколку години разговарав со Нејмар и неговите претставници, и тој ми рече дека сака да премине во Барселона, но и јас да го тренирам. Одма му реков да дојде во Каталонија и да не размислува воопшто за тоа кој ќе го тренира“.
Гвардиола по кој знае кој пат истакна дека по негово мислење Лионел Меси е најдобар играч на светот и дека треба да ја заврши кариерата во Барселона.
„Секој тренер сака да го има Меси во својот тим, но за мене е најважно тој својата кариера да ја продолжи и заврши во Барселона. Се надевам искрено дека никогаш нема да помисли да оди во некој друг клуб, иако знам дека постојат огромен број на клубови кои ќе можат да дадат огромна количина на пари за да биде дел од нив.
Мило ми е што се опорави од повредата и што утре ќе заигра против нас“, заклучи Гвардиола.















