До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Францускиот напаѓач Антоан Гризман е еден од најдобрите фудбалери на денешницата.
Многумина сметаат дека тој моментално високо котира кога е во прашање доделувањето на Златната топка поради одличните партии за Атлетико и репрезентацијата на Франција на Евро 2016 година.
Напаѓачот на Атлетико мораше да одговори на прашањето кои му се тројцата најдобри фудбалери во оваа година, а тоа не беше ниту малку едноставно.
„Кристијано бидејќи освои две титули, Лионел Меси бидејќи тој е уникат и после нив можеби Џејми Варди бидејќи ја освои Премиер лигата со Лестер“, рече Гризман.
Освен тоа, овој фудбалер ги имаше и тројцата најдобри тренери во минатата сезона, барем според негово мислење.
„Тоа би биле моите два тренери, Диего Симеоне и Дидие Дешан, а после нив Клаудио Раниери поради неговата одлична работа во Лестер“, порача Гризман.















