До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Очигледно во редовите на Блауграната не се задоволни како средниот ред штима, сега фрлија “око“ на играчот за врска на Севиља.
Кога ги нема стандардните фудбалери, на Барса оди навистина тешко. Луис Енрике се реши да одмори неколку првотимци против Селта и тоа му се удри во глава. Домаќинот во Виго беше подобар, Барса претрпи неочекуван пораз, и јасно е дека Енрике во иднина не смее “многу да си игра“.
Новите засилувања во средниот ред засега не се покажаа добро, нема сомнеж дека и Гомеш и Денис се влог за иднината но и клубот моментално не може да се потпре на нив.
Сега од управата на каталонскиот клуб се заинтересирани за во своите редоди да го доведат последниот играч за врска на Севиља, Стивен Н`Зонзи.
Поранешниот играч на Стоук привлече внимание на голем број на клубови ширум Европа со своите одлични партии во тимот од Андалузија.
Францускиот фудбалер беше и во плановите на Сем Алардајс, додека седеше на клупата на Англија, бидејќи поседува и англиски пасош и поради настапите за У21 репрезентацијата на Франција немаше право да настапува за Гордион Албион.
Се верува дека за неговите услуги Барселона мора да издвои околу 30 милиони евра.















