Давид Виља: Пресреќен сум и благодарен на оние кои се уште веруваат во мене

 

 

Откако беше повикан во составот на Шпанија за претстојните кфалификациски дуели од селекторот Хулен Лопатеги, Давид Виља, на Твитер се заблагодари за повикот и подршката.

Последниот настап за селекцијата на Шпанија, за поранената голема ѕвезда на Барселона беше дури во 2014 година, па затоа тој е благодарен и среќен за повикот кој пристигна од неговата земја.

„Им благодарам на сите оние кои сеуште веруваат во мене, среќен сум што повторно ќе го облечам дресот на Шпанија“ – гласеше пораката на Давид Виља.

Шпанија ќе игра против Италија на 2-ри септември, а потоа ќе отпатува во Лихтенштајн на 5 септември.