ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Францускиот напаѓач, Антоан Гризман би можел наскоро да ја напушти екипата на Атлетико Мадрид.
За неговите услуги се интересираат многу европски гиганти, а најблиску до неговиот потпис е Манчестер Јунајтед.
За тоа се свесни и од Атлетико Мадрид па веќе полека започнаа да бараат замена за својот фудбалер.
Како што стојат работите сега, замена би можел да биде фудбалерот на Монако, Томас Лемар. Се работи за 21-годишен крилен напаѓач за чии услуги се интересираат Баерн Минхен и Манчестер Сити, но најверојатно тој би се преселил во Атлетико бидејќу таму има гарантирано место во првиот тим.
Се очекува дека Мадриѓаните за овој траснфер треба да одвојат барем 30 милиони фунти, што секако не е премногу кога станува збор за одличен талент. Тој оваа сезона веќе постигна пет гола во 11 натпревари во Ла Лига.