Дали Маркињос најави бомба на Парижаните?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Бразилецот јавно рече дека го сака својот сонародник во екипата.

    Нејмар во летото наводно беше блиску до договор со Пари Сен Жермен, но се пропадна кога неговиот татко побара за францускиот клуб да плати дополнителен данок поради нерегуларностите при трансферот во Барса.

    Сепак, медиумите и понатака спорадично го поврзуваат Нејмар со Париз, иако Бразилецот неодамна потпиша нов договор до 2021 година.

    Неговиот соиграч од репрезентацијата призна дека би сакал Нејмар да му се придружи на Паркот на Принцевите.

    „Да можам да изберам едно засилување кое би го довел во ПСЖ, тоа ќе биде Нејмар. Тој е мој пријател, но воедно и играч со огромен квалитет, може да направи разлика на теренот во било кој момент. Млад е, но сеедно е многу важен за нашата репрезентација. Сигурен сум дека во иднина ќе порасне во уште поголем играч“, рече Маркињос.