До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Се оди во тој правец.
Каде има чад, има и оган, а се оди во правец за тоа Манчестер Јунајтед да добие големо засилување.
Не е тајна дека Жозе Мурињо сака да ја засили конкуренцијата на позиција централен бек, како што се знае дека Виктор Линделоф е негова стара мета и голема желба.
После пофалбите од страна на Златан Ибрахимовиќ, како и шпекулациите дека ќе стигне веќе во оваа зима на Театарот на сонишата, сега масло на огнот додаде и агентот на играчот.
„Не сакам да ги коментирам гласините за интересот на секој клуб, но морам да кажам дека постојат сериозни контакти со еден од најголемите клубови во Европа. Сепало, Виктор е среќен во Бенфика, но истовремено морам да потсетам дека каде има чад, има и оган кога ќе се појави ваква приказна“, рече агентот на играчот.















