До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Досега имаат четири свои клубови, дали сеуште ќе се проширува?
Ред Бул компанијата која произведува енергетски пијалоци купи и четири клубови.
Добро ви е познат РБ Салсбург како и РБ Лајпциг, знаете и за клубот кој се натпреварува во МЛС лигата, Њујорк Ред Бул.
Во 2007 година купија и еден клуб во Бразил во Сао Паоло кој доби име Ред Бул Бразил, а сега се споменува дека може да работат и во Англија.
Сепак, тоа нема да се случи, пренесува Скај Спорт.
Имено, се споменуваа Лидс Јунајтед, Брентфорд, Чарлтон или Свонси во своето име може да го додадат Ред Бул, но тоа најверојатно нема да се случи во блиска иднина.















